Курс – Zensegrity
Во периодот од 02.03.2018 – 04.03.2018 во просториите на хотел Карпош во Скопје за прв пат на балканот се одржа курсот – Zensegrity – Модул 1 – Карлица, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение.
Предавач/инструктор на курост беше иноваторот Christoph Stumpf од Германија . Во овој модул беа прикажани техники на миофасцијална релаксација, мобилизација на зглобови, тејпинг и третман на тригер точки во регијата на карлицата. На настанот присуствуваа 30 колеги физиотерапевти кои што се стекнаа со одлични познавања на ова поле. Наскоро ќе биде организиран и вториот модул од вкупно четирите од овој курс .Терминот ќе биде објавен на нашата веб страница и на фејсбук профилот . Сите заинтересирани за учество може да не контактираат на следниот емаил president@mfz.mk или на monika.koleva@mfz.mk
[vc_gallery type=”image_grid” images=”9148,9149,9150,9151,9152,9153,9154,9155,9156,9157,9158,9159,9160,9161,9162,9163,9164″]