Macedonian Society Of Physiotherapists

Курс Physio cupping – март 2023

PHYSIO CUPPING  е нов концепт на динамичка cupping терапија,сув третман (dry cupping/без крв),кој се применува без масло и кој не предизвикува  ХЕМАТОМИ .

Со користењето на специјално дизајнирани силиконски вендузи се создава негативен притисок кој ни помага да ја мобилизираме фасцијата и поткожното ткиво  предизвикувајки лизгање на фасцијалните слоеви .Со ова се постигнува ефект на намалување на инфламацијата ,болката,отокот , се подобрува перфиерната циркулација и подвижност на ткивото. На кожата на третираниот сегмент јасно може да се види зголемена хиперемија но не и хематом . Оваа техника е одлична алатка во рацете на терапевтот која пружа супериорни резултати во терапијата на пациентот .

 

PHYSIO CUPPING се користи при третман на миофасцијални тегоби,лузни,нерви и  при обука на пациентите за промена на стекнати лоши шеми на движење .Оваа техника не се заснова на традиционалниот cupping  на создавање на хематоми туку на мобилизација на фасцијата и поткожното ткиво .

Покрај мобилизацијата на фасцијата со PHYSIO Cupping можеме да правиме и манипулација (Trust) на фасцијата, да третираме лузни и да мобилизираме нерви (glide n.).PHYSIO Cupping се карактеризира со 3 степeна на јачина на негативниот притисок (вакум) и 5 нивоа на  мобилизација и манипулација на фасцијата (trust) .Курсот PHYSIO Capping трае еден ден со почеток од 10:00 до 17:00h.Се состои од теоретски и практичен дел.Учесниците на едукацијата добиваат  сет од 8 силиконски чашки за PHYSIO Capping  кој содржи 4 големи и  4 мали  чаши и сертификат за самостојна примена на техниката .
 
 
Обуката ја води специјалист физиотерапевт Ивица Стојковиќ претставник на Physio Motion Academy, инструктор за  Easy Flosing technique и REA TAPE Taping Method.
 
Регистрација на учество на курсот наследниот линк : https://mfz.mk/nastani/physio-cupping/
 
Повеќе информации на : тел +38970772122 или на е-мaил president@mfz.mk