Macedonian Society Of Physiotherapists
easyflossing

Курс Easy flossing

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 11.06.2022 во периодот од 9-17 часот во Скопје .

Flossing jе терапевтска техника при која се употребуваат гумени еластични ленти (band). Аплицирањето на еластичните ленти создава компресија на поголема површина која се задржува околу една минута .Во тој период терапевтот применува различни мауелни техники според претходните индикации и заедно со пациентот се изведуваат активни или пасивни движења.После неколку минути лентата се вади и може да се забележи зголемен обем на движење и намалување на болката. По механичката компресија предизвикана од гимените еластични ленти значително се зголемува крвотокот а со тоа и апсорпцијата на наталожените метаболни продукти во ткивата кои ги третираме .За да се постигне овој ефект потребни ви се оригинални Flossingband-траки, добри мануелни техники , и соодветно знаење за ефикасна примена .

На курсот ќе се запознаете со :

*како функционира флосингот
*како да се постави флосин траката
*која боја трака е за која инидикација
*индикации & контраиндикации
*теорија+практичен дел
*комбинација на флосинг со другите терапевтски техники
*флосинг во лимфологија и нверологија
*флосинг во спортската физиотерапија.

Со оваа обука добивате 4 различни flossing траки ,соодветнo и неопходно териско и практично знаење за успешна примена на флосинг техниката.

Курсот вклучува :
*теоретски и практичен дел
*4 флосинг
*германски сертификат од Easy Flossing Academy

Котизација за учество :180 евра во денарска противвредност за сите членови на македонското физиотерапевтско здружение
200 евра во денарска противвредност за сите физиотерапевти .

Максимален број на учесници :
20 прво пријавени преку овој линк .
https://forms.gle/wtr9vSQnfc3kpooj7

Уплата најдоцна до 15 мај 2022 година на Жиро сметка на

Македонското физиотерапевтско здружение

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ 210072165990137