Macedonian Society Of Physiotherapists

Конференција – 24ти Фебруари

На  24 фебруари во 11 часот во Штип се одржа конференција на тема ”Новости во физиотерапијата” во соработка со универзитетот “Гоце Делчев”  . Настанот беше посетен од 70 физиотерапевти од источниот регион на Македонија кои имаа можност да слушнат и дебатираат на темите кои беа презентирани во склоп на програмата на конференција.

Идејата на конференцијата беше да бидат презентирани новите физиотерапевтски достигнувања како  што се новите мануелни методи и технолошки достигнувања во последните години од областа на физиотерапијата во светот. Настанот беше поздравен од претседателот на здружението Дипл.Физиотерапевт Блаже Арсов кој се заблагодари за подршката на УГД во одржувањето на настанот , а воедно во уводното излагање Арсов напомена  дека  новостите во физиотерапијата задолжително треба да се следат со цел да бидат применети во третманите на македонските граѓани бидејки физиотерапевтите се лидери во процесот на медицинската рехабилитација , а тоа ги прави и општествено одговорни лица.

Програмата беше составена од 8 презентации од различни теми од областа на физиотерапијата.

  • Рехабилитација на цервико – артроза – Магистер по мед.рехабилитација  и ерготерапија-Тамара Страторска
  • Промоција на концептот ZENSEGRITY – Дипл. Фт Моника Колевска Димова
  • Примена на ТКМ при третман на Сколиоза -Дипл. Фт. Билјана Ангеловска
  • Промоција на брендот ФИТАЛП – Фитофарм -комерцијална презентација
  • Функционална магнетна стимулација – ТЕСЛА СТИМ -Комерцијална  презентација Елмед
  • Примена на ТКМ при пареза на n. trugeminus – Д-р Васка Спаскова
  • Дисфункција на темпоромандибуларен зглоб – Дипл. Фт.и Бовен практичар Мартин   Митевски
  • Компресивна терапија – функционални производи за третман на заболување на вените – Медикус  хелп – Комерцијална презентација
  • MottoMed индивидуални тренажери- Фила Фарм -Комерцијална презентација
  • Флексофитол – Евофарм – Комерцијална презентација

Воедно настанот беше посетен од повеќе преставници на македонски компании кои директно или индиректно се поврзани со физиотерапијата . Фила Фарм,Ewo pharma,Фитофарм, Елмед и Медикус Хелп.

Организацискиот одбор на настанот беше составен од Дипл.ФТ Моника Колева , Дипл.ФТ Билјана Ангеловска и Мр. по мед.рехаб. и ерготерапија Тамара Страторска  , претседателот Арсов им се заблагодари за успешно организираниот настан и  ги повика овој настан  да стане  традиција во Штип.

 

[vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”9107,9108,9109,9110,9111,9112,9113,9114,9115,9116,9117,9118,9119,9120″][/vc_column][/vc_row]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *