Клиничка Физиотерапија – 15 – 16.12.2018
Во периодот од 15 – 16.12.2018 во аудиториумот на Жан Митрев Клиника, во Скопје, а во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение се одржа завршниот семинар за 2018 година на тема “Клиничка Физиотерапија”.
На овој семинар учествуваа околу 60 физиотерапевти членови на нашето здружение како и поканети гости – предавачи.
Првиот ден од овој настан беше резервиран за предавања од колеги физиотерапевти од Жан Митрев Клиника, и колеги членови на здружението, а исто така поканети беа и гости предавачи и тоа Доц.Др.Константин Митев – ортопедски хирург/трауматолог кој предаваше на тема “Минимално инвазивна остеосинтеза” и физиотерапевтот Стојан Стоев гостин од Р. Бугарија кој предаваше на тема “Физиотерапевтски пристап кај пациенти после мозочен удар базиран на методите Bobath и PNF” за која што тема на вториот ден од настанот имаше и работилница.
Колегите присутни на овој настан се изјаснија со многу позитивни оценки за организацијата и предавањата со што успешно ја завршивме оваа работна година.