Macedonian Society Of Physiotherapists

Кампањата ХРОМО 7

На 15 април 2019,во 18:00 часот во Кинотека на Република  Македонија во склоп на кампањата ХРОМО 7  се одржа проекција на европскиот филм „Кислород“ . Со ова продолжи кампањата која започна минатата година на 8ми септември од светскиот ден на физиотераепевтите  во партнерство со Здружението за Цистична фиброза на Македонија . Филмот е приказна  за двајца млади луѓе, кои ги спојува ретката болест – цистична фиброза и нивните релации со семејството и љубовта која ја откриваат во болничките ходници. Извонредна сторија, добитник на 9 награди и 10 номинации на филмските фестивали.

По завршување на проекција , на присутните гости им се обрати Ѓ-га Бојчин Претседател на здружението за Цистична Фиброза , Г-ѓа Изабел Де Канг од Белгија пациент со ЦФ и претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ Блаже Арсов со што дадоа краток извештај за активностите кои беа спорвдени во склоп на кампањата и ги поканија присутните да ги подржат и следните активности на овоа партнерство.

Целта на кампањата беше да се подигне општествената свест за потребите на ЦФ пациентите од редовна фармаколошка терапија но истотака и од соодветна респираторна физиотерапија која претставува 50 % од третманот на оваа ретка болест .

Следни активности како дел од кампањата се за време на скопскиот маратон на 4 мај .

За таа цел ги каниме сите кои сакаат да ги подржат пацинетите со ЦФ да се пријават н штандот на ХРОМО 7 за да добијат бесплатна драјфит маица со нашето лого  #RUN4Cysticfibrosis! 

Регистација на следниот е-маил chromo7mk@gmail.com 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *