Macedonian Society Of Physiotherapists

Интервју на потпретседателот Велјаноски за веб порталот GostivarPress во пресрет на светкиот ден на физиотерапевтите

„Зафатени со обврски, луѓето не одржуваат психо- физичка кондиција!“
Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, 8-ми Септември, направивме интервју со
гостиварецот Никодин Велјаноски, спец.физиотерапевт, потпретседател на Македонското
физиотерапевтско здружение.

Во јавноста последниот период актуелно е барањето на физиотерапевтите за законски измени со
кои ќе им се овозможи да можат да работат самостојно. Која е причината за таквото барање и кои
би биле бенефитите за пациентите и за самите физиотерапевти?
Велјаноски:Точно е дека тоа е доста актуелна тема во последниот период. Физиотерапевтите, а и
Македонското физиотерапевтско здружение како нивни претставник бара да се донесе законот за
самостојна физиотерапевтска дејност. Причината и бенефитите се повеќе од јасни. Со законското
решение ќе се овозможи директниот пристап на пациентите до физиотерапевтите. Сметам дека со
оглед на тоа дека сме во 21-ви век, жално и неодговорно е на здравствените власти во Македонија да
имат пациенти, во постела со неможност да добијат соодветна терапија, а при тоа да развиваат и
голем број на компликации кои ги носи пролонигираната имобилност. Со самото озаконување на
нашата професија т.е физиотерапевтската дејност, ние нема да сме приморани да работиме илегално
“на црно” со пациентите.

-Вашата фела се соочува и со друг проблем, а тоа се нестручни лица кои со завршени курсеви и
куси обуки нудат физиотерапевтски услуги. Каков ризик носи тоа за пациентите и дали имате
некој модел преку кој би се решило ова прашање?
Велјаноски:Да, постојат голем број на нестручни лица кои се со несоодветно образование и се
повикуваат со титулата ФИЗИОТЕРАПЕВТ. Тоа е проблем на здравствените и образовни органи во
регулација на сите дипломи стекнати во Македонија и странство и врз основа на веќе поставени
правила кои се применуваат во европската унија ќе издава лиценца за работа. Професијата носи
бенефиции, но исто така и одговорности кои треба некоја институција да ги контролира и спроведува.

 

-За какви здравствени тегоби најчесто ви се обраќаат луѓето за помош?
Велјаноски:Со оглед на тоа дека живееме во едно брзо време, со преголем број на обврски, се повеќе
се запоставуваме себеси и нашата физичка, а и психичка кондиција. Работењето пред компјутер,
канцелариските работни позиции и слично, се една од причините за честите проблеми со ‘рбетот кај
пациентите. Болките во вратот и лумбо-сакралната регија (половините) се доста честа патологија. Но,
не може да се избегне и мозочниот удар и пациентите кои страдаат од истото.

 

Кое е Македонското Физиотерапевтско Здружение, од кога постои и кои се активностите кои се
спроведуваат преку здружението?
Велјаноски:Македонското физиотерапевтско здружение е невладина, непрофитна организација која
има за цел да ги обедини високообразованите физиотерапевти на територијата на Р. Македонија.
Основано е минатата година односно на 01.06.2017 со едногласна одлука од извршниот одбор и
претседателот на здружението. Во текот на изминатата година се одржаа повеќе настани од типот на
едукативни семинари но и курсеви за одредени техники. До крајот на оваа година веќе се закажани
уште 2 курсеви и еден завршен семинар. И да не заборавам да го напоменам и прославувањето на
Светскиот ден на физиотерапевтите 08 Септември, прославата ќе се одржи на 7ми Септември во ЕУ
Инфо Центарот во Скопје со почеток од 11 часот.

-Каква е улогата на еден физиотерапевт во целокупното зачувување на здраво тело кај
пациентот?
Велјаноски:Физиотерапевтот е една од најзначајните алки во синџирот на медицинската
рехабилитација кај пациентите. Со редовна посета на физиотерапевт, консултации па и третмани
може да се делува и превентивно врз физичката состојба на пациентите, и да се песретнат голем број
на болни состојби. Советувајте се, консултирајте се со физиотерапевт, барем тоа е бесплатно, но е
многу значајно во зачувувањето и третманот на психо – физичката состојба. Вашето тело во секој
случај ќе ви биде благодарно.

Извор: gostivarpress.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *