Зенсегрити модул 4 – 2019
Во периодот 14 до 16 јуни во Штип се одржа 4от модул од курсот Зенсегрити на кој учествуваа 25 Македонски физиотерапевти.
Курсот беше предводен од иноваторот на техниката Christoph Stumpf од Германија и Alen Lilic асистент инструктор од Словенија.
Со завршувањето на 4тото ниво 15тина физиотерапевти кои ги имаа претходно поминато другите модули денес беа промовирани како нови Зенсегрити практичари и станаа дел од интернационалното Зенсегрити семејство.
Македонското Физиотерапевтско Здружение како организатор на курсот се гордее со првата генерација на Зенсегрити практичари во Македонија и им посакува успех и нивна реализација во Македонија со цел да им бидат достапни на македонските граѓани при решавањето на нивните здравствени проблеми.
Голема благодарност до Центарот за корекција на деформитети Сколио Баланс од Штип за отстапениот простор за потребите на курсот.
МФЗ продолжува со организација на курсевите Зенсегрити наредната година во Април, сите заинтересирани можат да се пријавуваат на следниот е-маил president@mfz.mk.