Macedonian Society Of Physiotherapists

Физиотерапевтите се значајна алка во рехабилитацијата на пациентите

Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, кој се одбележува утре (8 септември) , од Македонското физиотерапевтско здружение потсетуваат
на значењето на нивната професија во одржување на здравјето кај луѓето и рехабилитацијата на пациентите.

Годинешното мото на празникот е„Физичка активност за живот“ каде акцентот е ставен на повозрасните граѓани. „Луѓето од трета доба често знаат да се запостават, да остануваат само во своите домови и да не извршуваат никакви активности. Напротив, ние советуваме да се активираат почесто, да бидат што поактивни, да изведуваат
полесни вежби во склоп со возраста, да не се форсираат, но да се одржуваат во движење, затоа што знаеме дека движењето значи здравје“, вели
гостиварецот Никодин Велјаноски, специјалист физиотерапевт кој е потпретседател на Здружението.

Тој потенцира дека за успех во работата и за доброто на пациентите, неопходно е физиотерапевтите да се следат модерните трендови и да
применуваат нови техники во физиотерапевтската пракс:. „Физиотерапевтите во Македонија ги следат светските стандарди за континуирана едукација
и доедукација, и затоа се почитувани професионалци на своите работни позиции. Им го честитам празникот на сите колеги, порачувам дека како
физиотерапевти треба да се обединиме за поголем успех во иднина. Би сакал да завршам со мислата дека “Можеби докторите спасуваат животи но
незаборавајте дека сепак физиотерапевтите ги прават тие животи вредни за живеење !“

Осми септември се слави како Светски ден на физиотерепевтите од 1996 година, а е востановен од Светската конфедерација на физиотерапија.

 

Извор: gostivarpress.mk