ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА WCPT – 2019 – ЖЕНЕВА
Раководството на Македонското физиотерапевтско здружение во периодот од 07.05 – 10.05 присуствуваше на Генералното собрание на Светската конфедерација за Физикална терапија во Женева, Швајцарија по покана на организаторите на настанот.
На овој настан учествуваа делегати од 121 членка од националните асоцијации на физиотерапевти од целиот свет.
Претседателката Ema Stokes во својот поздравен говор директно го поздрави присуството на претставниците од Македонија (МФЗ) како делегати – набљудувачи на Генералното собрание.
На ова генерално собрание имаше свечен прием на нови 13 членки и тоа: Коста Рика, Грузија, Косово, Брегот на слоновата коска, Хаити, Црна Гора, Мадагаскара, Мали, Мороко, Мајнмар, Папуа Нова Гвинеја, Сенегал и Судан.
МФЗ оствари средби со голем број претставници на физиотерапевти од различни земји и региони од целиот свет, а исто така на покана на Здружението на физиотерапевти на Швајцарија (PhysioSwiss) присуствуваше на прославата на нивното 100 годишно постоење.
Исто така во рамките на Генералното собрание се одржаа и избори за претседател и поптретседател на WCPT како и претседатели по региони. Досегашната претседателка на WCPT, Ema Stokes доби уште еден мандат.
Наредното Генерално собрание ќе се одржи во 2023 година во Токио, Јапонија, додека нареден конгрес ќе биде во 2021 година во Дубаи, Соединетите Арапски Емирати.