Втор конгрес на Физиотерапевти на Црна Гора 2017
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во периодот од 6- 8 октомври 2017 година се одржа Вториот конгрес на Физиотерапевти на Црна Гора , на кој присуствуваа околу 200 физиотерапевти од државите од регионот и пошироко.Конгресот се одржа под покровителство на министерството на здравство на Црна Гора под мотото “Вредноста и значењето на Физиотерапијата” .На свеченото отварање на конгресот се обрати претседателката на европскиот регион на светската конфедерација за физиотерапија WCPT Сара Базин и генералниот секретар на WCPT Дејвид Гориа.
[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”8335,8329,8332,8334″ img_size=”medium”][vc_column_text]На конгресот со свои презентации се претставија и членови на Македонското физиотерапевтско здружение .Блаже Арсов претседател на Македонското физиотерапетвското здружение имаше презентација на тема “ВЛИЈАНИЕТО НА РАНАТА ФИЗИОТЕРАПИЈА КАЈ ПАЦИЕНТ ПО ОПЕРАЦИИ НА СРЦЕ И АБДОМЕН ВО “ZAN MITREV CLINIC” – приказ на случај”, а потпретседателот Никодин Велјаноски зборуваше за ИНТЕНЗИВНА ФИЗИОТЕРАПИЈА ВО КОМБИНАЦИЈА СО ФУНКЦИОНАЛНА МАГНЕТНА СТИМУЛАЦИЈА (фмс) КАЈ ПАЦИЕНТ ПО ОПЕРАЦИЈА НА АКУТНА АОРТНА ДИСЕКЦИЈА ВО “ZAN MITREV CLINIC” – приказ на случај .
[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”8333,8331,8330″ img_size=”medium”][vc_column_text]Истотака на овој конгрес се претстави и Тамара Страторска член на МФЗ од универзитетот “Гоце Делчев” од Штип со свое истражување на тема “ КИНЕЗИТЕРАПИЈА ПРИ ЦЕРВИКАЛНА АРТРОЗА “ .
Претседателот во рамки на своето присуство на конгресот оствари неколку средби и состаноци со претставниците на WCPT Дејвид Гориа и Сара Базин , на кои се договорија следните чекори кон решавање на пречките за регулација на професијата во Македонија . Истотака се направи и промоција на првиот семинар на здружението кој треба да се одржи на 1 декември во Скопје во С.Б.” Жан Митрев” и се разбуди интерес за учество на колегите кои беа присутни на конгресот .[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]