Macedonian Society Of Physiotherapists

Во хотелот Queen’s Скопје се спроведе тренинг

Соопштение

01.07.2017год. во хотелот Queen’s Скопје се спроведе тренинг на тема ,,Имплементација на директивата за препознавање на професионални квалификации на физиотерапевтите” во организација на агенцијата ,,Lattanzio Group” во соработка со Министерството за образованиe и наука,


Тренинг обуката беше водена од предавачот г-дин Дејвид Гориа кој воедно е и Генерален Секретар на Светската организација на Физиотерапевти за регионот на Европа .На овој настан активно учество зема и раководство на новоформираното Македонско Физиотерапевтско здружение предводено од претседателот Г-дин Блаже Арсов и генералниот секретар на здружението Г-дин Денис Арсовски.Воедно како дел од извршниот одбор здружението беше претставено и од Доц.Данче Василева и Спец.ФТ Аријан Селмани.
Македонското физиотерапевтско здружение денес всушност го имаше и првиот официјален работен ден на кој го спроведе и првиот состанок со официјален преставник на светската конфедерација на физиотерапевти (WCPT) Г-дин Дејвид Гориа и го информираше за целите ,задачите и плановите на здружението.
Воедно во претходните денови МФЗ презема чекори за информирање на раководствата на здруженијата во регионот и претседателката на WCPT Сара Базин за активирањето на новоформираното здружение.
Македонското физиотерапевтско здружение ги повикува сите слободоумни и необременети физиотерапевти со проблемите на другите две здруженија да ни се приклучат заедно да ја продолжиме борбата кон остварување на целта а тоа е промоција физиотерапевтскиот профил и создавањето на услови за самостојна физиотерапевтска дејност.

Со Почит
Македонско физиотерапевтско здружение