Macedonian Society Of Physiotherapists

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФИЗИОТЕРАПЕВТИ (01.03.20202)

Здружението на Професионални физиотерапевти на Р.Македонија и Македонско физиотерапевтско Здружение одржаа заеднички состанок по повод ангажирање на некои наши колеги од другото Здружение а во врска со Комората на Здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование на Р. Македонија.

По налог на Министерот за Здравство др. Венко Филипче, Комората на здравствените работници каде што не партиципираат сите Здруженија, еден мал дел на Здруженија добија овластување да направат упис на здравствените профили и ништи повеќе од тоа.

Услов на Министерот за Здравство доц.д-р Венко Филипче за таа работа беше да се информираат сите Здруженија, како би можело работата заеднички да се заврши транспарентно. Но тоа не се случи од причина што личните интереси на некои физиотерапевти и понатаму не престануваат.

Секој физиотерапевт треба да знае дека профилот Физиотерапевт не припаѓа ниту на едно Здружение ниту некој им го дал тоа право на некои наши колеги.

1.Зошто згасна идеата за единствената Комора на физиотерапевти на Македонија?

2.Како тоа, после сите премрежја кои ги поминаат Здруженијата на физиотерапевтите, договорот кој го имаа помеѓу себе за единствена Физиотерапевтска Комора, мутираше во заедничка Комора со останатите профили, без консултација на останатите две Физиотерапевтски Здруженија?

Мора да знае дека искуствата на нашите колеги од Србија во заедничка Комора се катастрофални.

Нашите две Здруженија го известија Министерството за Здравство дека не сме добиле известување за заедничка работа како што инсистирал Министерот за Здравство. Во меилот кој го испратија до нашите Здруженија, не постои име и презиме, кој стои позади профилот.

На физиотерапевтите им се прикажува ситуацијата дека треба да станат нивни членови а потоа и членови на Комората и дека задолжително треба да се пријават за упис, што претставува апсолутна лага!

Лагите одат до таму да во уснена форма ги плашат нашите членови и колеги дека следен чекор ќе биде да истите тие издаваат лиценци за работа а со тоа и ќе зависат од нив дали ќе работат во струката или не.

Ниту Министерот доц.д-р.Венко Филипче го кажал тоа ниту го ветил на здравствените профили дека некој ќе издава лиценци за работа.

Здруженијата го немаат тој капацитет за вакви проекти и затоа и се случија некои траги комични ситуации за време на нивното лобирањето.

Со вакво однесување од страна на некои наши колеги се прави голема штета на угледот на профилот Физиотерапевт.

Со известување излезе и Унијата на ЗМСТАС:

http://www.zanas.mk/vest-statija/80700/unijata-do-chlenstvoto-po-pravno-tolkuvanje-nie-ne-morame?fbclid=IwAR0zR1DTdgAbFcsJZhoco4PDP-wOUVHXHPEzQgRaFaRV-U_OTdjYbsAqE8k

Затоа сите физиотерапевти мора да знаат дека од Министерство за Здравство добивме информација, одлуката за упис во Комора не е обврзувачка, и апелираме до колегите да не се изложуваат на непотребни финансиски трошоци!

Претседател на ЗПФТ
Горан Саневски

Претседател на Македонско Физиотерапевтско Здружение
Блаже Арсов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *